KAДЕВЕЧЕР.КОМ.МК: „Климатските промени и системот на храна“ – Слоу Фуд Младина на Македонија

Прес прегледKAДЕВЕЧЕР.КОМ.МК: „Климатските промени и системот на храна“ - Слоу Фуд Младина на...

Сподели

Модератор: Александар Василевски (СФММ)
Учесници: Проф. Др. Трпе Груевски – публицист за климатски промени и обновливи извори на енергија Мирослав Радески- ветеринарен факултет, климатски промени и благосостојба на животните Антонио Јовановски – претседател на здружение Go green ,

Биодиверзитет и животна средина Земјоделството и исхраната се меѓу најважните двигатели на животната средина. Во последните 100 години сведоци сме на глобален раст во просечната температура на површината за 0,74ºC. Периодот помеѓу 1995 и 2006 година беше најтопол откако се води евиденција, започната во 1850 година. Доживуваме пораст на температури на океанот, зголемени морски нивоа, дури и побрзо затоплување на Арктикот, киселост на океаните, што претставува зголемување во интензитетот на екстремните временски настани и промени во животниот циклус на растенијата и животински видови.

Модерниот земјоделско-прехрамбен модел на индустријализираните земји кој се употребува во текот на последните 50 години може да донесе придобивки во поглед на зголемување на продуктивноста, но неговото влијание врз животната средина е катастрофално: загадување, ерозија на почвата, уништени пејзажи, намалени енергетски ресурси и целокупна загуба на биолошката и културната разновидност.

Под овој модел, земјоделското производство ги презема карактеристиките на индустрискиот сектор, со земање на нов облик, кој може да биде наведен како агро-индустрија или агробизнис. Двата белега на системот, имено зголемената употреба на хемиски средства (ѓубрива, пестициди, гориво за земјоделски машини) и производство на самоограничени растителни сорти (монокултури), првенствено за да произведе добиточна храна, имаа тешки последици врз животната средина и го загрозија економскиот опстанок намалите фармери.

Според овој модел, природните ресурси се сметаат само како суровини за конзумирање и се обработуваат во огромни количини, што вклучуваат експлоатација на ресурси како што се вода, земја, почва и шуми. Ова остава вознемирувачко наследство мрачна иднина за здравјето на нашата животна средина. Светската популација се очекува да се зголеми од 6 на 9 милијарди до 2050 година, борбата за природни ресурси ќе стане уште пожестока и тоа прави дополнителни притисоци на веќе слабата планета. Непотребно е да се каже, системот за храна на глобално ниво треба радикално да се ревидира со намалување на влијанието врз животната средина.

http://kadevecer.com.mk/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...