Седум битни разлики меѓу Пармиџано Реџано и Грана Падано

Конзорциумот на сирењето Грана Падано ја тужи американската сапуница “Дебелата и убавата“ (The Bold and the Beautiful), бидејќи во една сцена, еден од ликовите отворено ја потенцира предностa на сирењето Пармиџано Реџано (Parmigiano Reggiano) над Грана Падано (Grana padano). Веста предизвика понатамошна дебата, за разликите меѓу двата видови на сирење. Дали ja знаете разликата? Еве краток преглед во седум точки на главните карактеристики на Пармиџано Реџано и Грана Падано:

  1. Пармиџано Реџано се произведува без никакви адитиви: дури и оние од природно потекло, се забранети. Грана Падано користи лизозим (произведен од јајца) за да се намали појавата на недостатоци при ферментацијата на сирењето.
  2. За Пармиџано Реџано, сточната храна за кравите се состои исклучиво од сено (луцерка и природни пасишта), без употреба на силажа. За Грана Падано во исхраната е дозволена употребата на силажа од пченка.
  3. Во случајот на Пармиџано Реџано, брендирање на питите се прави по 12 месеци зрелост и производот подлежи на долг процес на созревање (24 или 30 месеци или повеќе, без ограничување), а вообичано се продава по 24 месеци. Грана Падано се брендира на 9 месеци зрелост, а се продава во просек по 15 месеци, само во случај на “Riserva” верзија, за повеќе од 20 месеци.
  4. Производителите на Пармиџано Реџано, при производството се соочуваат со поголеми ограничувања: молзење на кравите два пати на ден, производство на сирење само еднаш на ден, забрана за чување на млекото во лактофризери под 18°С. За Грана Падано дозволено е млекото да се лади и превзема од страна на млекарата еднаш на ден, а преработката може да се одвива двапати на ден.
  5. Млекарите кои произведуваат Пармиџано Реџано користат исклучиво природно ферментирана сурутка како бактериска култура за зајакнување на микробиолошките процеси во текот на ферментацијата. За Грана Падано, дозволена е употребата на лабораториски селектирани бактериски стартер култури.
  6. Регионот за производство за Пармиџано Реџано е многу поограничен: провинциите на Парма, Реџо Емилија и Модена и дел од провинциите Мантуа (десно на реката Po), Болоња, на левата страна на реката Рено. Грана Падано се произведува во регионите: Ломбардија, Венето, Пиемонт, Трентино Алто Адиџе и провинцијата Пјаченца.
  7. 20% од Пармиџано Реџано се произведува во планински области, што го прави водечко сирење со потекло од планински регион со заштитена ознака за потекло, а само 2% од вкупното производство на Грана Падано потекнува од планинските предели.