АГРОТИМ.МК: „Slow Wine салон 2021“ денеска и утре во Битола

Прес прегледАГРОТИМ.МК: „Slow Wine салон 2021“ денеска и утре во Битола

Сподели

Во Битола денеска и утре ќе се одржи настанот „Slow Wine салон 2021″, што има за цел да ги презентира и промовира производителите на вино, кои ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе понудат дегустација на вина.

Ова е трето издание на „Slow Wine салон”, на кое учество ќе земат над 30 производители, пет дестилерии и десет производители на деликатесни производи, што ќе бидат понудени за дегустација.

Винскиот салон денеска ќе се одржи во Киното Манаки, додека утре Офицерскиот дом Битола првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното”.

–Придонесот на „Слоу Фуд” во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина, велат организаторите на настанот.

Билетите за настанот се достапни да се купат онлајн, на следниот линк и се во ограничен број.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...