Фондација Appolonia: Дојран препознатлив по слаткото од диви смокви

Прес прегледФондација Appolonia: Дојран препознатлив по слаткото од диви смокви

Сподели

На 25 Април 2010 во Дојран беше организирана манифестација за подготовка и промоција на слаткото од дива смоква во југо-источниот регион во Република Македонија.Oвај проект е дел од активностите на фондацијата Слоу Фуд во Македонија, дел од светската мрежа на Слоу Фуд за промоција на автохтони видови и сорти и  промоција на културата низ целиот свет.Слаткото од дива смоква и официјално ќе стане дел од оваа светска листа на производи и ќе биде прв ваков производ од Македонија.Општина Дојран, во соработка со Слоу Фуд Конвивиум Шарпланинска и Федерацијата на фармерите на Република Македонија-Мрежата на жени фармери, во присуство на значајни меѓународни и домашни гости, организира подготовка на слаткото од дива смоква  и промоција на проектот.Како компанија која се залага за заштита на човековата околина и биодиверзитетот Аполонија заедно со својата фондација беше генерален спонзор на овај настан.

Исечок од статијата

Објавено на: 25/04/2010
https://issuu.com/apollonia_foundation/docs/informator-na-fondacijata-apolonija-br.24

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...