Република Maкедонија е мошне богата со разновидни земјоделски производи и храна благодарение на својата географска положба, каде се вкрстуваат различни климатски влијанија,разигран релјеф и различни почвени типови, потоа водените ресурси, како и традиционалните занимања и економијата на населението, во контекст на историските,културните и верските влијанија.
Слоу Фуд Македонија за оваа цел изготви Иницијалната листа на традиционалните производи во Македонија. Документот содржи 153 производи, мапирани ширум земјава, но подетално се опишани 51.
Слоу фуд Македонија изминатите десет години собираше информации за автохтоните производи и ги каталогизираше во т.н. Арка на вкусови. Досега во Арката која брои околу 5.000 производи од целиот свет, 36 се македонски.
Целосната „Иницијална листа на традиционални производи“ може да ја погледнете тука.