Кон потеклото на вкусот

ПубликацииКон потеклото на вкусот

Сподели

Сензорно едукативното патување ,,Кон потеклото на вкусот“ беше направено со цел да се спроведе еден едноставен, но фундаментален пристап кон дегустацијата. Низ учеството во игрите, овој курс ја спроведува можноста да ги тренираш твоите сетила и да стекнеш еден основен вокабулар за нив. Ова патување е поделено на три дела: информативно ( видео), дидактичко (сензорно патување) и дегустација (работилници за вкусот). Првиот дел, видеото, илустрира како функционираат нашите сетилни органи и како да стекнеме знаење за да ги вежбаме истите. Вториот дел, ги сведува сетилата на шест степени, со активности, кои имаат за цел да го извежбаат секое сетило.

Третиот дел е тестирањето или дегустацијата, кое ти овозможува да го примениш во пракса она што си го научил во претходните делови со комбинирање на сетилата. Ова патување не се одвива според однапред определен метод, туку нуди флексибилни алатки кои што можат разумно да бидат интегрирани, врз основа на локалната култура на поединецот.

Публикацијата симни ја од тука.

©Slow Food, 2013

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...