Меѓународна работилница: “Локалната храна е важна!”

Соопштенија за јавностМеѓународна работилница: “Локалната храна е важна!”

Сподели

20-22 март 2014
Трново, Битола, Македонија

Изнаоѓање на добар баланс помеѓу хигиенските правила, производство во мал обем и квалитет-организирана од страна на ,,Слоу Фуд” Битола, Македонија и Форум ,,Синерги“, Брисел, Белгија во соработка со ,,Тера Мадре Балкан“, ,,SWG“, ,,Препаре” и ,,Essedra” проект

Оваа меѓународна работилница ќе се одржи во Македонија, во срцето на регионот на Западен Балкан каде ќе се анализираат потенцијалните закани и можности за локалните и одржливи системи за храна во регионот, кој се подготвува за пристапување во ЕУ.

 Организаторите на оваа работилница ќе ги соберат заедно земјоделците, потрошувачите, организациите на граѓанското општество, малите производители на храна, ветеринарите, националните владини администрации за храна и одговорните лица од Европската комисија. Во рамките на истата ќе се организираат и посети на терен, размена на искуства и одржување на панели на добри административни и законски пракси на земјите членки на ЕУ, вклучувајќи ги и новите членки и земјите кандидати.

Овој настан позитивно  ќе ја стимулира регистрацијата и примената на флексибилност кај занаетчиските и малите прехранбени производи. Ќе биде инициран конструктивен  дијалог помеѓу производителите, органите и креаторите на политиките задолжени за хигиенските правила, особено за земјите кои пристапуваат во ЕУ. Тоа ќе обезбеди воспоставување на канали за соработка со ЕУ и ќе ги поттикне граѓанските организации за вмрежување на заеднички ставови за малите локални производители  на храна и нивниот придонес преку граѓанскиот дијалог во конекст на ЕУ.

Постои растечки  интерес кај земјоделците и потрошувачите за локална храна. ЕУ е посветена кон промовирање на локалните системи за производство на храна. Растечките инвестициски трошоци побаруваат, како предуслов,  да се исполнат хигиенските стандарди за обработка на храна на фарма со што се врши се повеќе притисок до фармерите, со што си го поставуваат прашањето дали да започнат бизнис за производство на локална храна. Затоа регулирањето на производството на локална храна може да се реши на конструктивен начин. Сепак во повеќето земји-членки и пристапните земји во ЕУ оваа флексибилност ретко се применува со што ги принудува  многу од производителите  на традиционална храна да излезат надвор од бизнисот.

Оваа работилница ќе даде придонес во надминувањето на тој јаз и затоа организаторите во самиот наслов потенцираат дека: „Локалната храна е важна“.

,,Слоу Фуд” Битола, Македонија

Анита Главевска

Ассистент за комуникации
П.Факс  27, 7000 Битола
Република Македонија
075/708-807
glavevska.anita@gmail.com
www.slowfood.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...