Методологија на едукацијата во Слоу Фуд

ПубликацииМетодологија на едукацијата во Слоу Фуд

Сподели

Овој прирачник е наменет за конвивиум лидерите и едукаторите на Слоу Фуд, со цел обезбедување на практични совети за тоа како да ги реализираат принципите изнесени во Mанифестот за едукација на Слоу Фуд.

За таа цел, одбрани се искуства од особено значење и опишани се методологиите и техниките за кои што веруваме дека добро работат, како и условите на функционирање кои што го обезбедуваат изразувањето на принципите на Манифестот. Овој прирачник сакаме да стани појдовна точка, но и основа за дебата на сите оние коишто планираат едукативни програми. Затоа одбравме хипертекстуален пристап користејќи детални описни активности.

Оваа обновена мапа на најуспешните едукативни искуства на Слоу Фуд нуди можност за споредување и поврзување на активностите. Прикачените описни активности се примери коишто можат да бидат приспособени кон различни географски локации.

Публикацијата симни ја од тука.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...