Просечните температури се зголемуваат премногу брзо, додека феномените, како што се поплавите, сушите, ураганите, станаа вообичаена појава. Биодиверзитетот е еден од првите жртви на оваа состојба; нивото на морињата секојдневно се крева, додека нивото на езерата опаѓа, глечерите се топат, а зимите се благи и суви без снег, и повеќе од јасно е дека човекот има голема одговорност во врска со сето тоа.
Но, иако климатските прашања сево центарот на глобалната политичка сцена,односот помеѓу храната и климата, храната и животната средина се чини дека останува на маргините на дискусиите.Па, ајде да се обидеме да разбереме до кој степен системот на храна ги одредува и придонесува за климатските промени.
Почнувајќи од индивидуалното однесување преку секојдневниот избор на храна, секој од нас може позитивно или негативно да влијае врз животната средина. Всушност, не е важно која е нашата професија и кои се нашите вештини.
Храната е елементот кој нè обединува сите и изборoт што се однесува на нашата исхрана е клучната алатка за обезбедување позитивни резултати во краток временски период.
На следните страници ќе се обидеме да дадеме насоки и совети за подобрување на нашите прехранбени навики поврзани со храната, од моментот на набавка на намирниците, па сè до моментот на готвење и консумација на истите.
целата брошура симни ја од тука.