Покана: Регулативите на маса- во поддршка на традиционалните производства

Соопштенија за јавностПокана: Регулативите на маса- во поддршка на традиционалните производства

Сподели

Еднодневна конференција

„Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производства“

31.05.2018, четврток

Експлолариум, Скопје

Тема 1: Моменталната законската рамка и хигиенските регулативи во однос на традиционалното производство на сирење– преглед на Европските регулативи, нивната хармонизација во националното законодавство и примена на терен

Мото/порака: „Откријте го патот на сирењето!“- Во рамки на кампањата Биодиверзитет  на млеко 

Краток опис:

Подигнувањето на свеста за важноста на традиционалните локални сирења и нивните производители е од големо значењекако за зголемување на разновидноста во системот на храна но така и запроцесот на донесувањето на законските акти и нивнотоспроведување. Сирењето од сурово млеко е повеќе од прекрасна храна, тоа е длабоко вграден одраз на нашите најдобри традиции. Тоа е и уметност и начин на живот. Тоа е култура, наследство и ценет пејзаж и му претстои опасност од исчезнување. Во опасност е бидејќи вредностите кои ги одразува се во спротивност со хигиената и хомогенизацијата на масовно произведената храна.

Затоа повеќе од неопходна е соработка со надлежните органи како институции кои се засегнати и на локално и на национално нивосо цел подобрување на разбирањето за потребата од разумни барања и контроли, наспроти нулта ризик, кога станува збор за производители на сирење кои прават локални традиционални сирења како и потребата од донесување на барем еден законски акт за регулирање на ваквата проблематика. За време на оваа конференција ќе се потенцира и потребата од тренинг на малите производители на сирење и на локалните инспектори за крајната примната на флексибилниот пакет да биде на едно високо ниво, што е веќе докажан случај во земјите на европската унија. Консументите на сирење како целна група на која СлоуФуд Македонија  посветува особено внимание бидејќи сметаме дека нивната едукација и проширување на видиците е важна за промена на улогите и релациите кои моментално постојат на пазарот.

Преку јавна дискусија и отворена дебата за време на оваа конференција се очекува да се постигнат следните заклучоци:

  1. Производителите на сирење умеат да ги препознаваат потребите за измени во нивните производи
  2. Инспекторите подобро ја разбираат потребата од имплементација на флексибилноста на терен, во млекарскиот сектор;
  3. Надлежните власти прават разлика помеѓу мали и големи производства и производства кои работат односно не работат според традиционални методи; 
  4. Ќе придонесеме во процесот за донесување на  барем еден законски акт кој овозможува производство на локални традиционални сирења. 
  5. Консументите на сирења ги разбираат разликите во квалитетот, цените и ресурсите потребни за правење на сирење;

Предлог теми за ваше вклучување во рамки на овој конференциски дел:

Тема 1:  Области со високо планински пасишта – можности и пречки

  • Искористувањето на високо планинските пасишта и одразот врз квалитетот на крајните производи
  • Како екстремните услови влијаат врз имплементацијата на одредени законски регулативи
  • Социјално – економски аспект на населението во овие области и поддршката од страна на надлежните органи врз целокупното сточарство  и производство
  • Вистинска потреба или предизвик за работа во групи на производители (здруженија на производители на сирење или кооперативи), доближување до европските практики на координирано работење и продажба. Искуство од првиот Президиумот Маврово – Река

Тема 2: Живот и традиција

  • Дефинирање на традиционалните производи и рецептури од аспект на фармерите
  • Паралела помеѓу традиционалното знаење пренесувано со генерации и дополнително стекнатите знаења.
  • Заинтересираноста на младите да ја продолжат долгата традиција
  • Жената и нејзината улога во процесот на производство на сирење

Тема 3:  Моменталната законската рамка и хигиенските регулативи во однос на традиционалното производство и неговото осовременување

  • Употреба на сурово млеко – одлика во процесот на традиционалното производство
  • имплементација на хигиенските регулативи – степен на примена во традиционалните производства, можности за отстапувања
  • Експертска помош при имплементација на флексибилност на хигиенските регулативи и поддршката од страна на надлежните органи

Тема 2: Богатиот југоисточен регион и можноста за регистрација и заштита на  земјоделските и прехранбените производи со некоја од ознаките за квалитет – заштитена ознака на потекло (ЗОП), заштитена географска ознака (ЗГО) и гарантиран традиционален специјалитет (ГТС)

Мото/порака:„Изборот на храна не е само земјоделски туку и политички акт“

Краток опис:

На европско ниво од вкупниот досегашен број (1.481) производи регистрирани во Базата на податоци на Европската комисија за потекло и регистрација (DOOR), само 29 се од земјите на Балканскиот Полуостров (со исклучок на Грција). Притоа малиот број на заштитени производи не може да се препише ниту на заедничкото социјалистичко наследство што го споделуваат овие земји во различни фази, ниту пак можеме да го обвиниме недостатокот на  традиционални производи и биолошка разновидност на Балканскиот полуостров.

Во Република Македонија во моментов е заштитен само еден производ со ознака за Заштитена географска ознака и тоа Охридската цреша. Постојат иницијативи за заштита и на други производи како на пример: Мариовски мед, Беровски компир, Беровска слива, Кривопаланечки компир, Преспанско јаболко, Бистра Бело саламурено сирење, Бистра кашкавал, Дебарско сирење и др.; но за жал поради различни причини регистрацијата на овие производи не е сеуште започната.

Во различните региони од нашата земја постои голем потенцијал за заштита на земјоделски и прехранбени производи, но сепак традиционалните производители, се соочуваат со низа проблеми. Како  главните причини за слабата примена на заштитените ознаки за квалитет се следниве:

  • производителите на традиционални производи имаат проблем со Регистрацијата на објектите за производство на храна
  • недоволната информираност за начините за заштита на традиционалните производи, предностите и бенефициите од тоа производство
  • слаба организираност и регионална поврзаност на фармерите со традиционално производство (недоволно соработка и разбирање со локаната власт и сл.)

Предлог теми за ваше вклучување во рамки на овој конференциски дел:

Тема 1: Можноста за регистрација и заштита на  земјоделските и прехранбените производи со (ЗОП), (ЗГО) и (ГТС)

  • Значењето на политиката за квалитет во развојот на Југоисточниот регион на Македонија
  • Економски бенефит и пристап до пазари; Социјален бенефит
  • Моменталната ситуација во однос на примена на законот за квалитет – број на заштитени производи во Македонија
  • Заинтересираноста на малите производители за заштита на производите со некоја од ознаките за калвитет (ЗОП, ЗГО, ГТС)
  • Производи кои се од значење за одржлив економски и локален развој на регионот
  • Пристап до фондови и национални програми за поддршка на малите производители кои користат одржливи земјоделски практики

Тема 2: Органското земјоделство и одржливите земјоделски практики наспроти загадувањето

  • Можностите кои ги нуди регионот за производство на органски производи и нивната застапеност
  • Старата сорта на грозје – Црвен и Црн Валандовски Дренок долгата традиција на одгледување, како и производи од истите
  • Промоција и маркетинг на производите – помош и улогата на националните институции и останати државни и странски фондации

Тема 3: Бројните автентични производи ако алатка за развој на туризмот во Македонија 

  • Можноста за користење на странски и домашни фондови за развој и подобрување на услугите во поглед на туризмот
  • Едукацијата како потреба или додадена вредност за подобрување на услугите, за креирање на автентична понуда и градење на капацитетите на самите угостители (сопственици на сместувачки капацитети, ресторани и гостилници и останатите туристички работници)
  • Соработка со околните мали производители и застапеноста на нивните производи во менијата на рестораните
  • Вклученоста на традиционалните јадења во самите понуди
  • Постои ли реална поддршка и заинтересираност од страна на општината или останатите институции за развој на туризмот

Слоу Фуд Македонија  организира оваа конференција со цел промена на моменталната состојба во однос на заштитата на квалитетните  традиционални производи и ставања на иста маса на малите производители и претставниците о националните институции како донесувачи на одлуки.

Затоа Ве покануваме да бидете дел од  неколку часовната дискусија  и да допринесете во заштитата на богатиот биодиверзитет на храна во Македонија.

Покана

Агенда

“Оваа конференција е организирана со помош на Европската Унија, ОРКА и партнерите од регионалниот конзорциум, кои го спроведуваат проектот “Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за застапување и развој на политики во Западниот Балкан“. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на СлоуФуд Битола и во никој случај не ги одразува  ставовите на Европската унија, ORCA или партнерите на конзорциумот.”

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...