Покана за следење на конференција „Биодиверзитет на млеко“ во организација на „Слоу Фуд Македонија“ и Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје

Соопштенија за јавностПокана за следење на конференција „Биодиверзитет на млеко“ во организација на „Слоу...

Сподели

До:
Средства за јавно информирање  

Почитувани,

   Ни претставува особена чест да Ве поканиме да ja проследите првата конференција „Биодиверзитет на млеко“, која се одржува по повод светскиот ден на храната 16 октомври 2014, годината посветена на семејните фарми од страна на ФАО. Оваа конференција претставува прв поголем настан на која, заеднички производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите ќе ги презентираат и дискутираат актуелните прашања околу биодиверзитетот во сточарството,  производството на млеко и преработката на млечни производи од страна на малите семејни производства и политиките кои го засегаат овој сектор.

   Целта на настанот е да се отпочне дискусија меѓу сите учесници со која би се доближила реалната слика на ова прашање и би се понудиле конкретни предлози за решавање на проблемите со кои се соочуваат сите засегнати во синџирот на дистрибуција, од производителите до консументите.

   Настанот се реализира во рамки на кампањата на „Слоу Фуд  Македонија“:

 „Да го зачуваме биодиверзитетот на млеко“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ и во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје.

    Во Македонија млекото и преработките од млеко отсекогаш биле значаен производ кој произлегувал од руралните средини, имајќи ја во предвид  традицијата на одгледување на млекодајни животни и производство на млечни производи. Иако сеуште се барани на пазарот, производството на  овие производи пополека изумира заради намалување на лицата кои се занимаваат со оваа дејност, намалување на сточниот фонд, немањето на целосни механизми за подршка и стигулирање на производството од страна на креаторите на политиките и регулативите  за овој сектор. Така денес имаме намалување на бројот на животни, исчезнуваат видови (водени биволи), раси (шарпланинска овца, каракачанска овца), изумира традиционалното производство на кашкавал и знаењето на мајсторите-мандраџии, а некои производи се веќе одамна исчезнати од нашите трпези. Остануваат неискористени пасиштата на високите планини. Сето ова се случува во услови кога голем број на лица во руралните средини се невработени,  ги напуштаат своите имоти и домови во потрага за подобар живот, а трендовите на побарувачка на висококвалитетни и органски производи, произведени на одржлив начин се во пораст.

     Конференцијата ќе се одржи на 16.10 2014 година со почеток од 11:00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје.

    Во прилог Ви ја доставуваме и нацрт агендата на настанот.

За дополнителни информации и лице за контакт:

Анита Главевска
Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
П.факс 27, 7000 Битола
075/708-807
glavevska.anita@gmail.com
www.slowfood.mk

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...