#ПосенПеток – добар ден за вас, уште подобар за планетата Земја!

НовостиВо фокусот#ПосенПеток - добар ден за вас, уште подобар за планетата Земја!

Сподели

Вие приклучете се кон предизвикот #ПосенПеток, а ние ќе ве поддржиме со идеи, вкусни и посни рецепти, видеа и награди!

Прифатете да ве водиме низ предизвикот во текот на следните два месеци, секој петок нека биде- #ПосенПеток, заеднички ќе подготвуваме храна во домот, на работа или со друштво. Ние почнуваме, а вие следете не. Ќе ги реоткриваме состојките и биодиверзитетот околу нас и ќе учиме како да ги комбинираме за да добиеме вкусна чинија. Сакате да направите нешто за животната средина, но се уште не знаете како, промена во вашата чинија е одличен старт!

Зошто #ПосенПеток?

Отстранувањето на месото од вашата исхрана дури и на еден ден во неделата има влијание позитивно врз глобалното затоплување. Од друга страна растителната исхрана го подобрува нашето здравје и виталност на многу нивоа. Истовремено, доколку се потрудите да користите локални производи, вие директно придонесување во зачувување на биодиверзитетот, кој е во првите борбени редови против климатските промени и осигурувањето на иднината на нашата храна. Ова сепак не е уште една покана која води до трендовски веганизам, кој во основа го има конзумеризмот, напротив ние ги поддржуваме сите наши локални производи кои се раководат според филозофијата за чиста, добра и праведна храна!  Едноставно, доколку зборуваме за климатски промени, невозможно е да продолжиме со истиот тренд на консумирање месо, без зголемување на последиците! Всушност, статистиката ни укажува дека зголемената консумација на месо се зголемува паралелно со растот на стандардот на една држава, а во нашата држава се сведува на зголемена консумација на што поефтино месо со сомнителен квалитет и непознато потекло. Ова не значи да престанеме да консумираме месо. Тоа можеме да го правиме неколку пати неделно, избирајќи свежо месо од локалните производители кои ги одгледуваат добиток во благосостојба и на екстензивен начин.

Посно, вкусно и здраво

Луѓето ги избираат протеините од анимално потекло на сметка на протеините од растително потекло, иако звучи како поедноставен избор набрзо се согледуваат и последиците, како по личното здравје, така и по животната средина и квалитетот на живот. Од друга страна внимателно избрани и подготвени состојки од растително потекло можат позитивно да влијаат врз кардиоваскуларниот систем, мешунките го намалуваат ризикот од дијабетис тип 2. Исто така, заменувањето на анимални со растителни протеини помага во одржување на телесната тежина и здрави бубрези. Освен тоа, со добра комбинација на мешунки, житарки и зеленчуци ќе ги добиете сите неопходни протеини за еден ден.

Посното е пријател на планетата

Што се однесува на импактот до животната средина ефектите се од големи од повеќе аспекти. Да започнеме со фактот дека со помалку месо, се создаваат помалку стакленички гасови кои влијаат врз климатските промени. Истовремено, делуваме врз намалување на потрошувачката на значајни ресурски како почва, вода, шума и енергија. Така на пример системот за производство на месо има поголем придонес за појава на климатски промени од целиот транспортен систем – сите: автомобили, камиони, авиони и возови во светот. Системот за производство на месо користи дури 75% од целата земјоделска површина. За да се произведе само еден бургер од приближно 100 грама потребни се околу 1.600 литри вода, а за истиот тој бургер потребно е енергија која би ја држела батеријата на ајфон цели 6 месеци.

Дружба во петок со нашите готвачи

Доколку и покрај овие факти имате дилема, дозволете ни да ви ги претставиме најдобрите меѓу нас – Готвачите од алијансата на готвачи секој четврток ќе споделуваат видеа за инспирација што ќе ве натера да ги испробате вашите готвачки способности пред започнување на викендот. Следете не, објавувајте, споделувајте и уживајте во вкусовите, но не заборавајте да ги поканите и вашите пријатели да го прифатат предизвикот! Започнуваме со заедничка дружба уште овој петок да ја донесеме храната за промени!

Покана и повеќе за предизвикот

#ПосенПеток #ХранаЗаПромени #ДаЗборувамеЗАКлима

Билјана Митревска, СФММ

Кампањата #ХранаЗаПромени, има за цел да ја крене свесноста кај производителите и консументите за влијанието кое го има производството и консумацијата на храната врз животната средина и климатските промени. Истата е во рамки на проектот „Храна за промени“ кој го реализираат „Слоу Фуд Водно“, Скопје во партнерство со „Слоу Фуд Македонија“, Битола и „Слоу Фуд Млади Македонија“, Скопје
Финансиски поддржано во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...