„Право на уживање“ со поeзија и вино во карантин

НовостиХрана за размислување„Право на уживање“ со поeзија и вино во карантин

Сподели

Уживање со позија и вино се доволни за да го задоволите вашето „право на уживање“. Само нколку минути се доволно да в инспирирам да го сторите и вие истото во вашиот дом.
За вас, поезија чита Страшко Милошевски, лидер на Slow Food Osogovo
стихови на Давче Настески, член на Slow Food Osogovo oд „Мостови од невидливи жилки“, 2013 година

ВИНОТО

Убаво е виното –
наточено во чаши од нарежен кристал,
опточено во густа кадифена квечерина,
натопено во мека сончева медевина,
заробено во пајажина на нашите прсти,
ко оган меѓу бедра на љубовници…

Но уште поубаво е виното –
од усните на вљубена жена,
отворени ко распукани смокви
на пресен септемвриски дожд,
чекајќи ги стрвните берачи секоја есен
престорени во деца и љубопитни мажи…

Ќе сетиш како в душа се налева верба
на илјада маченици распнати в небо,
и ќе сетиш како в срце те крепат
за полесно да го понесеш крстот,
да посака човек да го спаси светот,
и за миг – да помислиш дека е можно…

#СедиДома #БидиСлоу

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...