Силни мали производители водени од бизнис

НовостиБавни вестиСилни мали производители водени од бизнис

Сподели

Проектот “Силни мали производители водени од бизнис” претставува проект произлезен од тековната пандемија на Ковид-19 и предизвиците произлезени од неа кон нашиот систем на храна. Локалните мали производители и работниците од синџирот на локално производство и преработка, се соочени со предизвиците на откривање на нови канали на дистрибуција,а притоа под закана од невработеност и слаб пласман на нивните производите на пазарот.

“Силни мали производители водени од бизнис” овозможува инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна, и воедно континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста.

За време на имплементирање на проектот секој производител врз основа на наодите добиени при комуникацијата со него добива детално изработен бизнис модел и менторство при спроведување на истиот, со јасни насоки на кои ќе се насочува во иднина. Дополнително во времетраењето на проектот производителот ќе има можност да биде промовиран преку социјалните медиуми со што му се овозможува поголема видливост и  полесен и директен пристап до неговите купувачи.

Слоу Фуд Македонија како организација којанастојува да ги заштити од исчезнување традиционалните и регионалните кујни, да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем во партнерство со Импакт Фондација се залага за успешно реализирање на овој проект. Нашата улога како организација е спроведување на информациите кон малите производители преку нивната екстензивна мрежа, изготвување на критериуми за мапирање и селекција и изготвување на критериуми за безбедност на храната.

Преку програмата на Increasing Market Employability (IME) овозможуваме намалување на невработеноста кај малите оператори со храна, зголемена конкурента способност и директен пристап до нивните купувачи.

Доколку сте во групата на мали производители пријавете се на формата: https://forms.gle/HyLFASGtT5e9k9K19

Пријавувањето трае до 15-ти Јануари.

Оваа активност е спроведена со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).


#CHinMK #IncreasingMarketEmployability

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...