Home Новости Бавни вести Slow Food салон 2022: Бидете изложувач со Вашите производи

Slow Food салон 2022: Бидете изложувач со Вашите производи

0
Slow Food салон 2022: Бидете изложувач со Вашите производи

Понудете ги на  „ Slow Food салон 2022“ Вашите  производи, кои  со своите бои, мириси и вкусови ја раскажуваат приказната за Вас, за автохтоните семиња, вештините и техниките на производство, за поднебјето и посветеноста на локалната заедница во нивното зачувување.

Храната, особено традиционалната е дел од историјата и културата, таа претставува автентично обележје на локалната заедница, веродостоен одраз на – поднебјето, биолошката разновидност, знаењето, традицијата и одржливоста. Таа го презентира локалниот идентитет кој треба да се надоградува, негува и чува.

 Доколку сте производител со мал обем на производство, се држите до традицијата, одржливите практики на производство, занаетчиски и мајсторски ги произведувате Вашите производи или сте едно од последните жарчиња кои тлеат во оддалечените македонски села, топло ве покануваме да ни се придружите.

На второто издание на „ Slow Food салон 2022 “  му додаваме доза на ексклузивност и елеганција, бидејќи нашите херои, Вие, производителите го заслужувате тоа.  Затоа, заедно да ги запознаеме потрошувачите со локалните производи, да ги едуцираме новите генерации за  храната со идентитет,  да ги издигнеме на пиедестал гастрономските обележја на македонските региони…

 Добредојдени сте сите мали производители, каде секој ќе можете:

да ги изложите, презентирате и продавате свои производи;

да се вклучите во програмата од останатите сегменти на настанот;

да се дружите и уживате заедно со другите изложувачи и посетители.

 Пополнете ја вашата Пријава за учество https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfaGHLYGYlKdugyHBTvyLGdsXKmlsUvrfrTIh0634VFf09wDQ/viewform

За повеќе детали околу можностите за учество видете https://slowfood.mk/wp-content/uploads/2022/10/SlowFoodsalon.2022-izlagaci.pdf

Добредојдовте на Slow Food salon 2022!

#SlowFoodSalon2022 #Биодиверзитет #Традиција  #SlowFoodпроизводи