Елизабета Митева за расказот „Среќата е дома“ е добитничка на специјалната награда Лингва Мадре 2021 година.
Оваа награда е воспоставена во рамки националниот литературен натпревар Лингва Мадре, осмислен од Даниела Финоки и претставува постојан проект на регионот Пиемонт, меѓународниот саем на книгата во Торино и Слоу Фуд, кои ја доделуваат специјалната награда на Тера Мадре натпреварот на странски автори за приказни најинспирирани од теми поврзани со храната и нејзиното производство.

Авторката е по потекло од Виница, Македонија и која веќе 10 години живее во Италија. Преселбата на семејството и сите предизвици со кои се се соочува Елизабета во текот на адаптацијата во новата средина ги преточува во расказ каде суштинска улога игра храната, што е и првичниот предуслов за наградата.
Ви пренесуваме дел од приказната на Елизабета:

Се за љубов. Какво разочарување!
Но, еден ден пристигнува повик со предлог да мијам садови на една агротуристичка фарма. Бев воодушевена. Се преродив. За прв пат искуство во кујната (која отсекогаш била моја страст). Не беше лесно, бидејќи ми недостасуваше познавање на јазикот. Но, јас имав желба и енергија. Искуството со италијанската кујна беше ново, многу добро. Паола и Фиоре беа мојата светлина. Паола е одлична готвачка. Зборував малку, лошо и одвреме навреме се случуваше да измислувам зборови. Ми се допадна целиот персонал. По напорната вечер, реков: Паола ти благодарам за сe, ти ми го спаси животот. Таа беше изненадена: но благодарам за што Бети? Таа не разбираше за што и се заблагодарувам, јас ги мијам садовите. Но, тоа не беше само миење садови, тоа беше повеќе, многу повеќе. Вкусив многу добри јадења, ја гледав како работи, тоа беше откривање и учење на еден цел свет. Научив многу. Почнав да ја сакам Италија со стомакот. Оттогаш почнав да гледам на сe со други очи.
За потсетување, ова е втора добитничка на оваа награда од Македонија, по Силвија Митевска која во 2017-та година ја освои истата награда за расказот „Сонот на Лучија“.