Тера Мадре Балкан 2018 завршува со презентирање на својот потенцијал за одржлив рурален развој на институциите на ЕУ

Соопштенија за јавностТера Мадре Балкан 2018 завршува со презентирање на својот потенцијал за одржлив...

Сподели

По четири изданија во Софија (2010, 2012), Дубровник (2014) и Тирана (2016), „Тера Мадре Балкан” мрежата (ТМВ) се состанува во центарот на европската дебата во момент кој е од клучно значење за дефинирање на Заедничката земјоделска политика на Европа (ЗЗП) по 2020 година.

Повеќе од 100 делегати од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, ПЈР Македонија, Романија и Србија го претставуваат различниот потенцијал на Тера Мадре Балкан во поглед на нивната богатa биолошка разновидност, традиции на храна и одржливи земјоделски практики.

За да го прослават Меѓународниот ден на биолошката разновидност, 22-ри мај, конференцијата во Европскиот парламент ги здружи руралните заедници, производители на храна од мали размери, готвачи, активисти, млади и академици од регионот лице во лице со креаторите на политиките од институциите на ЕУ, со цел да ги демонстрираат различните средства за вреднување на богатото балканско наследство како извор на иновации и социјално претприемништво во регионот.

Учесниците на петтото издание на “Тера Мадре Балкан” го делат мислењето дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е голема политичка цел која ќе обезбеди стабилност и развој во регионот.

Една неодамнешна анкета на 10.000 мали земјоделци од цела ЕУ беше спроведена од „Слоу Фуд” со цел да придонесе за дебатата за иднината на Заедничката земјоделска политика. Учесниците на петтото издание на “Тера Мадре Балкан” ја признаваат потребата за:

  • намалено бирократско оптоварување, поддршка за маргинални и рурални области и млади луѓе;
  • пофлексибилно спроведување на правилата за хигиена и шеми за квалитет на ЕУ за да се одржат занаетчиските производители на храна во нивните напори за зачувување на разновидноста на храната;
  • посветени шеми за финансирање за да се мапира разновидноста на храната на Балканот и подобро да се интегрира нејзиниот биолошки, еколошки, социјален и културен контекст во одржливиот развој на руралните области;

Тие исто така веруваат дека економскиот просперитет на руралните средини е главен двигател на соработката на Балканот, па оттука и за успешна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Конечните заклучоци се достапни овде.

Петтото издание на “Тера Мадре Балкан” беше организирано од Слоу Фуд Балкан, заедно со членовите на ЕПП на Европскиот парламент од Бугарија, Хрватска и Романија кои учествуваат во делегациите на ЕП за односи со земјите од Западен Балкан.

За повеќе информации обратете се:

Anne-Marie Matarrese
Слоу Фуд – Директор за комуникации, канцеларија во Брисел +32 (0) 28932488; a.matarrese@slowfood.it

Paola Nano
Слоу Фуд – Директор на меѓународна канцеларија за печат +39 329 8321285; internationalpress@slowfood.it

Основана од страна на „Слоу Фуд” во 2010 година, „Тера Мадре Балкан” е мрежа која ги обединува руралните заедници, производители на храна, готвачи, активисти, млади и академици од цела Југоисточна Европа. „Тера Мадре Балкан” e формирана со цел да им даде глас на малите производители на храна и руралните средини и да ги поддржи во усовршувањето на нивното производство од домашнo до занаетчиско, залагајќи се за нивно социјалнo и политичко признавање и поддржувајќи го нивниот пристап до пазарите.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...