Toлстолобик во Охридско езеро

НовостиБавни вестиToлстолобик во Охридско езеро

Сподели

Во Охридско Езеро за време на лов на охридска пастрмка за вештачки мрест кој ова година е многу послаб од минатата година е уловен Толстолобик . Повеќе примероци на Толстолобик со просечна тежина од над 2 килограми се уловени во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга.
Толстобик никогаш го немало во Охридско езеро и во целиот Јадрански слив. Од каде овој вид на риба се појави во Охридско Езеро засега сите релевантни фактори молчат почнувајќи од научни институции и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Толстобикот е слатководна риба со потекло од Кина го има во некои води во Македониа како Велешко езеро и Крушевско езеро и во некои помали акумулации.

Но како оваа риба се најде и е уловена на три локации и тоа од страна на научна институција која врши лов на охридска пастрмка за вештачки мрест останува енигма. Толстолобик кој на европските простори и во Македониај го има во два вида сив и бел толстобик кој многу бргу расте, многу јаде а цревото на толстобикот е 15 пати подолго од неговото тело.
Толстобикот има широко тело. Од страни сплоснато, главата му е широка и со дебело чело, затоа и го добил името по рускиот збор (толстиј лоб – дебело чело) се храни претежно со фитоплакнтон, алги и едноклеточни организми.

Како толстобикот како нов неавтохтонен вид на риба ќе се одрази на целокупната флора и фауна на Охридското Езеро никој не знае. Оваа грешка веќе не може да се исправи, како и многу други грешки во водите на република Македонија како есетра на Тиквешко езеро и др.
Засега научните институции молчат но толстобикот се храни со фитопланктон кој е и основна храна на охридската белвица и пастрмка.

Рекреативните риболовци од здружението на рекреативни риболовци Свети Апостол Петар од Охрид јавно прашуваат до кога некој ќе се поигруваме со рибниот фонд во Република Македонија, и дали некој конечно ќе сноси одговорност за уништување на рибниот фонд.

Радован Димитриевски (Охрид Скај)

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...