Водич за основање на конвивиум

ПубликацииВодич за основање на конвивиум

Сподели

Конвивиум претставува автономна локална организација на членови на Слоу Фуд која делува во локалната средина и заедница. Конвивиумите ја претвoраат филозофијата на Слоу Фуд за „добра, чиста и правична храна“ во реалност, преку поставување цели и реализирање активности за подигање на важноста на прашањата поврзани со храната во секојдневниот живот. Тоа го постигнуваат преку организирање на локални настани и дружби за членовите на Слоу Фуд каде дискутираат и го споделуваат задоволството од локалната храна, притоа воспоставувајќи врски со производителите.

Овој водич има за цел да објасни што претставува конвивиум и како да се основа во локалната заедница, чекорите во процесот на воспоставување и прашањата кои се наметнуваат пред идните членови. Тој е алатка која ве води низ процесот на основање конвивиум, но и потребните административни чекори и процедури.

Водичот може да го симнете од тука.

Издавач: Slow Food Macedonia © 2019

Уредници: Василка Стефановска, Николче Николовски
Соработник: Елена Каровска Гошевска

Дизајн и графичко уредување: Горан Трсунов
Фото кредит: © Slow Food архива, Иво Данчев, Different photography

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...