Home Соопштенија за јавност Излезе вториот број на списанието „Полжавче“

Излезе вториот број на списанието „Полжавче“

0

Минатата седмица на платформата ZOOM беше претставено второто издание на  списанието за училишни активности на организацијата Слоу Фуд Македонија. Области на интересирање и дејствување на Слоу Фуд Македонија се земјоделството и храната, па истите области во списанието „Полжавче“ се претставени на таков начин кој е близок за децата, и има цел да поттикнува на знаење, креативност и размсилување.

Тема во фокусот на овој број е почвата како еден од основните фактори за земјоделско производство, поточно фактор без кој не може да се произведе квалитетна храна која ќе ги храни животните и човекот.

Во списанието ќе ги сретнете известувањата за активностите на дваесет училишта од Македонија кои се вклучени во проетот на Слоу Фуд Македонија, Слоу Фуд Училишни градини. Вкупно дваесет училишта се влучени во оваа програма и имаат или се во процес на создавање на градини во своите училишни дворови.  Исто така застапени се и актвиности од програмите Сензорна едукација и Слоу Фуд во училишната кујна, има брзи и лесни рецепти што можат да ги подготват децата, потоа игри, лавиринти, наградени песнички, цртежи и фотографии од распишанот конкурс на списанието. Исто така одбележана е и Меѓународната година на овошјето и зеленчукот со едукативен текст на Биљана Митреска, магистер по квалитет на храна. Со поезија инспирирана од природата, од градианрството и од земјата, одбележана е и стогодишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески. Објавен е и разговор со Павел Милановски добитник на награда за дигитален цртеж од Светската организација за храна-ФАО, чиј лик се наоѓа на насловната страница на списанието.

На страниците се вклучени и занимливости за киселоста на почвата, за солените почви во Овче поле како и за  богатството на почвени типови на Македонија оддавајќи му должна почит на академик Ѓорѓи Филиповски, основоположник на науката за почвите во Македонија.

Списанието завршува со повик за активно вклучување на децата читатели во креирањето на содржините од програмата за Слоу Фуд Училишните градини.

Иако промотивниот настан се одржа он-лајн,можеше да се почувствува добрата вибрација, ентузијазмот и љубовта на сите кои беа дел од оваа дружба.

Ова издание на „Полжавче“, списание за училишните активности на Слоу Фуд Македонија е реализирано во рамки на проектот „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“ кој го реализира Слоу Фуд Водно, Скопје финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.

Списанието е достапно онлајн тука.