Wine spirit: Slow Food Традиција во Македонија

Прес прегледWine spirit: Slow Food Традиција во Македонија

Сподели

Република Македонија е сега и официјално член на глобалната Слоу Фуд фамилија.

Слоу Фуд Конвивиум Шарпланинска во Македонија, регистрирана како фондација, верува дека секој има основно право на задоволство, а во исто време и одговорност да ја заштити традиционалната храна и културата што го прават можно ова задоволство. Слоу Фуд движењето е базирано на концептот на еко-гастрономија, препознавање на силна поврзаност помеѓу чинијата и планетата.
Покрај ова не може да се зборува за храна без да зборуваме за земјоделството. Не секој вид земјоделство може да се смета за дел од Слоу Фуд движењето. Сега е вистинскиот момент да се избере вкусно, здраво и чисто производство. Овој нов пристап е повеќе од традиција и одржлив квалитет во производството на храна. Нашата линија на заштита потребно е да започне на маса со Слоу Фуд.
За сметка на продуктивноста, Фаст Фуд го промени нашето живеење на погрешен начин третирајќи ги лошо и животната средина и пејзажот.

Во минатото Република Македонија не остана изолирана од процесот на брз неодржлив развој. Како и да е  и за среќа, ние сме помалку инфицирани од вирусот на неодржливо земјоделско производство и ги имаме сите компаративни предности пред останатите за поинакво земјоделство што не прави дел од семејството Слоу Фуд. Сите големи работи  почнуваат со оптимизам!
Одржливите методи во земјоделското производство го земаат предвид она што го имаме.
А ние имаме многу, не во смисла на квантитет туку на квалитет, традиционални методи и знаење,  сето она што не беше избришано од агро-индустријата што го уништува биодиверзитетот и агро-биодиверзитетот.
Ова не значи промоција и враќање во минатото на нашите предци, туку да се почитуваат искуствата од минатото во смисла да се поправаат грешките  во полза на идниот одржлив развој на руралните региони и фармерите.
Ние, членовите на Слоу Фуд Конвивиумот Шарпланинска во Македонија ги поддржуваме оние региони што заостанаа во неможноста да го следат агро-индустриското производство на храна; подготвени сме да ги заштитиме, подобриме и промовираме оние традиционални начини на производство што демонстрираат поинаков земјоделски развој; лично придонесуваме кон одржлив рурален развој; заедно уживаме во македонската гастрономија! Придружете ни се!

Заштита на различностите, биодиверзитетот, агро-биодиверзитетот и автохтоните видови во Македонија ја гарантираат  варијации на вкусови и богатство за потрошувачите во Македонија, во Европа и секаде на планетата земја.
Биодиверзитетот  не е апстрактен концепт. Тоа е ЖИВОТ,  животот на растенијата, на животинскиот свет, животот на луѓето што ја прават природата на нашата планета Земја. Биодиверзитетот се различните јазици, култури и конечно, богатството од храна и вкусови.Обидете се со еден поинаков пристап: одржлив развој  во земјоделството и руралните средини, почит кон долгогодишните традиции во нашите региони во комбинација со модерната технологија (што не е воопшто лошо ако се употребува на соодветен начин).
Слоу Фуд ги поддржува малите производители и им помага кон нивното вистинско место што го заслужуваат во опшеството. Слоу Фуд ги поддржува гастрономиите за да го претстават вистинското значење на храната во нашите животи.

Она што го јадеме е секогаш производ од нашата култура. Термините како квалитетно, вкусно, типично, традиционално се едни од најупотребуваните денес – но исто така се и злоупотребувани.
Сето ова поради свесноста од значењето на храната во нашиот живот и големиот број скандали и модерни болести предизвикани од индустриското производство на храна или, од вкусовите кои се останати во нашата меморија?!
Лесно се пронаоѓаат различностите, потешко е да се увидат сличностите.
Имаме заеднички интерес – да го подобриме квалитетот на животот за нас и за идните генерации.
Да го направиме тоа обединети, со едно отворено, глобално размислување.

Како жители на планетата земја, имаме обврска да се грижиме за животната средина, за ресурсите што ни се на располагање, биодиверзитетот и за нашите рурални средини. Земјоделците ја имаат клучната позиција во производството на  енергија од обновливи извори, од сонце, од ветер и био маса, а во исто време да придонесат кон услугите во руралниот и банскиот туризам од термалните извори.

Слоу Фуд конвивиумот Шарпланинска во Македонија беше основан  за да ја поддржи соработката меѓу руралните чинители во опшеството. Подготвени сме да ја олесниме комуникацијата и поврзувањето помеѓу малите производители, малите и средни претпријатија со единствено и квалитетно производство, претприемачи, институции, министерства, општини, универзитети (домашни и странски), НВО, потрошувачи, ресторани со традиционална храна, мали хотели и агро туризми, готвачи, млади луѓе и уметници кои преку културата сакаат да ја промовираат Македонија на еден поинаков начин.

Глобалното Слоу Фуд движење е отворено за секој  што се чуствува дека заедно можеме да ја оствариме заедничката цел!
Придружи ни се  да уживаме во храната што е:

-добра (вкусна, свежа, способна да ги разбуди и задоволи чуствата за храна).
-чиста (произведена со водење сметка за ресурсите, за еко системот и без опасност за здравјето на луѓето).
-вистинска (ја почитува социјалната правичност, вистинското плаќање и услови за сите, од производители до продажба и консумирање).

Во смисла на ова, секој корисник како дел од Глобалното  Слоу Фуд  движење се нарекува ко-производител, кој поради уживањето во храната ги поддржува оние што му го овозможуваат тоа уживање.

Со тренирање на нашите сетила, го разбираме и го почитуваме задоволството од храната и во исто време, ги отвараме нашите очи кон светот).

Нада Караиванова
Заменик лидер на Слоу Фуд Конвивиумот Шарпланинска на Македонија

Исечок од магазинот

Објавено: 2009
Медиум: Wine spirit

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...