www.stn.gov.mk: Меѓународен Саем за туризам

Прес прегледwww.stn.gov.mk: Меѓународен Саем за туризам

Сподели

Општина Старо Нагоричане, учествува на Меѓународниот Саем за туризам кој се одржува на Скопскиот Саем од 27.04.2011 до 29.04.2011 година!

Се претставуваме како дел од СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, заедно со општините кои припаѓаат кон него и тоа: Старо Нагоричане, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце и Липково, но и во склоп на проектот ЕКО ЕТНО МАКЕДОНИЈА – ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА, каде посебен акцент е даден на здравата храна како адут во туристичката понуда на Македонија.
Во овој дел особено внимание и голем интерес предизвика секојдневните презентации на здрава храна ”ГАСТРО РАЗГЛЕДНИЦА” и туристичките рурални потенцијали на општината, преку представувањето на SLOW FOOD – Konvivium – Nagoricanka – Etno.selo.

Саемот го отвори специјалниот гостин Хавиер Бланко, кој заедно со многу други гости беше воодушевен од понудата и потенцијалите кои ги има Општина Старо Нагоричане.
Саемската манифестација ке ја завршиме со МАКЕДОНСКА ГАСТРО РАЗГЛЕДНИЦА – МАКЕДОНИЈА И ПРИЈАТЕЛИТЕ (еко-етно забава)

Извор: http://www.stn.gov.mk/news.aspx?newid=6

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...