Прослава на Тера Мадре денот од страна на Слоу Фуд конвивиумите во Македонија

10 декември – Тера Мадре Ден, да ја славиме локалната храна

Денес е глобална прослава на локалната храна, која се одржува секој 10 декември, почнувајќи од 2009 година и претставува шанса на сите заедници да се организираат токму во нивните локални средини.

И оваа година повторно Тера Мадре Ден ( Ден на Мајката Земја) е ДЕН на кој Тера Мадре мрежата на Слоу Фуд ги слави заборавените вкусови на храната. Секоја година се губат голем број на сирења, овошје, зеленчук или раси на животни, па сега е моментот да се зачуваат овие традиционални сорти без да се станат жртви на модерниот и индустријализираниот систем на храна. Оваа година Арката на вкусови е во фокусот-проект за каталогизација на производите, со крајна цел да се каталогизираат 10.000 автентични производи на кој им претстои опасност од исчезнување.

Тера Мадре Ден е кампања за промовирирање на различноста на традициите на храна и производството, како и да се покаже како нашата мрежа ја користи својата креативност и знаење да се изгради подобра иднина со храната. Денешниот ден е можност за целата Слоу Фуд мрежа да ја прослави локалната храна и да се промовира одржливото производство и потрошувачка во локалните заедници и пред носителите на одлуки. Илјадници активности-една цел: да се потенцира нашата обединета визија за разновидност и стремеж да се зачува.

Сите оние кои ја делат филозофијата на Слоу Фуд, почнувајќи од Слоу Фуд конвивумите, заедниците, готвачите, професорите, младите, президиумите, новинарите, локалните власти, претставници од други организации, во многу земји од светот го прославуваат Тера Мадре Денот. Активностите кои се случуваат за прославата се случуваат на најразлични места: од градови, рурални средини, во училишта, центри за заедница, кина, фарми, ресторани па се до прослави на брод. Се организираат посети на фарми каде се врши едукација за подигнување на свеста на производителите и потрошувачите, се организираат филмски и културни настани каде во фокусот е храната.
Конвивумите во Шпанија одржуваат демонстрации во вид на готвење на самите пазари со цел да се промовира одржливиот избор на риба. Во Мароко се организираат настани на кои се повикува владата да даде јасна изјава за забрана за одгледување на ГМО посеви. Во Уганда се става фокус на ретките сорти на овошје и зеленчук.

Денес во Македонија се обележува Тера Мадре Денот, преку повеќе организирани настани ширум нашата земја. Слоу Фуд Водно во Скопје организира едукативна работилница за подготовкана пецива со квас од наут, Слоу Фуд Млади на Македонија води кампања К`сни си Слоу! за здрава ужинка со локална храна на паузите во средните училишта во Скопје, Слоу Фуд Осогово заедно со децата ќе го истражува локалниот биодиверзитет, Слоу Фуд Тера Гевгелија организира предавање за одговорно консумирање на храна, производителите од президиумот на слатко од диви смокви ја организираат својата традиционална средба, оваа година во Валандово, Слоу Фуд Битола организира часови за одржливо производство на храна со учениците во с.Добрушево во срцето на Пелагонија, членовите на президиумот на Буковската пипер го организираат основачкото собрание на нивната асоцијација.
И во наредните денови ќе бидат организирани проекции на филмови, каде во главен фокус е храната, едукативни предавања во училиштата на тема одржливост на биодиверзитетот, готвење на храна карактеристична за локалната средина…

Тера Мадре мрежата е воспоставена од страна на Слоу Фуд во 2004 година каде се обединуваат заедниците на храна од вкупно 160 земји од светот, кои ја споделуваат визијата за производство тесно поврзано со локалните економии со почитување на животната средина, традицијата, биолошката разновидност и вкусот на храната.
Тера Мадре мрежата има за цел да креира алтернативен модел на производство и потрошувачка, во согласност со филозофијата на Слоу Фуд за добра, чиста и правична храна: добра за нашиот апетит, чиста за луѓето, животните и животната средина, како и правична за производителите и потрошувачите.

Приклучи се на годишната глобална прослава на локална храна ДЕНЕС!!!

За повеќе информации можете да се информирате на интернет страницата:
www.slowfood.com/terramadreday