Тера Мадре Балкан 2016, Тирана

Соопштенија за јавностТера Мадре Балкан 2016, Тирана

Сподели

Настанот опфаќа Пазар на Фармери на кој ќе присуствуваат повеќе од 50 заедници на храна на Тера Мадре од Балканскиот регион

Отварањето на четвртото издание на Тера Мадре Балкан, од 2-5 јуни во Тирана, Албанија, ќе започне со церемонија во присуство на Едмонд Панарити, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство; Милва Економи, Министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво; Мирела Кумбаро, Министер за култура; Брунилда Паскали, заменик градоначалник на Тирана; Алберто Кутилјо, италијански амбасадор, Ингве Енстром, претставник на ЕУ делегацијата во Албанија и Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано од страна на ВИС Албанија со поддршка на Слоу Фуд, во партнерство со Министерството за земјоделство на Албанија, Министерството за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, Општина Тирана и Италијанската агенцијата за меѓународна соработка.

Овој настан на едно место ќе собере 350 делегати од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија).

Како суштински дел од настанот, централниот дел од Плоштадот Мајка Тереза ќе биде домаќин на Пазарот на Фармери, каде 50 штандови на посетителите ќе им дадат можност да откријат голем број на селектирани производи од заедниците на Тера Мадре, Президиумите на Слоу Фуд и „Арка на Вкусови“ (каталог на Слоу Фуд со производи на кои им се заканува опасност од исчезнување)
Президиумите на Слоу Фуд и претставниците од повеќе од 50 заедници за храна на Тера Мадре ќе учествуваат на пазарот од различни земји:

• Албанија ќе биде претставена од страна на Президиумот Мишавин – сирење произведено од 16 фамилии во Келменд, регион кој се наоѓа на север – и Президиумот Слатко од Пермет, слатко произведено од повеќе видови на овошја и зеленчук кои се одгледуваат во горниот дел на долината од реката Вјоса, во јужниот дел на Албанија. Покрај, заедниците за храна на Тера Мадре од Албанија ќе присуствуваат и производители на маслиново масло од Елбасан, лозарите од Калимет и прозводители од областа Лепуше. Готвачите од мрежата Алијанса на Готвачи во Албанија исто така ќе учествуваат на настанот.

• Од Босна и Херцеговина ќе се претстави Президиумот Пожегача – Слатко од Сливи – кој го заштитува производството на традиционалното слатко произведено од автохотона сорта на сливи Пожегача, како и двете заедници за храна Тера Мадре: производителите на гравот Пољак од регионот Требење и производителите на пченка од Попово Поле.

• Од Бугарија ќе се презентираат четирите Президиуми: зеленото сирење од Черни Вит, Каракачанската овца, Смилјанскиот грав и Меурче кое претставува извонредна преработка на месо ставено во свински меур и обложено со пепел.

• Од Хрватска: лукот Шарац од Лјубитовица и новиот Президиум Вареник од полуостровот Пељешац кој од секогаш бил центарот на Далматинското лозарство.

• Од Република Македонија ќе бидат презентирани пет традиционални производи: Сирењата од Мавровско-реканскиот регион, македонскиот мед, слаткото од диви смокви, виното Станушина и буковската пипер, президиум кој беше основан со цел да им помогне на производителите во селекцијата на нивното семе како и за одржувањето на чистотата на оваа сорта на пипер. Учениците од средното училиште Лазар Танев се вклучени во едукативните работилници за вкус и исхрана кои ќе пристигнат од Скопје.

• Романија: преку двата президиуми, свињата Базна и слаткото од различни видови на овошје од селото Саксон, ќе се пренесе традицијата на локалните заедници од Трансилванија. На овој настан ќе присуствуваат и производителите на слаткиот црвен кромид од долината Ариес, претставници од едукативната заедница од Брустораса и Паланца, како и Д-р. Иан Ратиу од детската едукативна програма од Турда.

• Од Србија ќе присуствуваат неколку прозводители од Гледич со ракија од црвена ранка слива која претставува ракија направена во срцето на Шумадија, регион кој одсекогаш е познат по квалитетот на сливите. Исто така ќе бидат присутни уште две заедници за храна на Тера Мадре: производители на зелка од селото Футог и производители на ајвар од Лесковац.

• Турција ќе се претстави со президиумот на сирење Богатепе Гравиер, кое е едно од неколкуте сирења во Карс кои сеуште се произведуваат во планинските пасишта употребувајќи исклучиво сурово млеко. Исто така ќе се претстават и производители од Пазарот на Фармери од Фоча и градините од историските тврдини од Истанбул, заедно со активисти од кампањата за Бавни Маслинки.

Во програмата на Тера Мадре Балкан 2016 се вклучени и дегустации, концерти, работилници и конференции.

Некои од темите за дискусија се:
• „Борбата против гладот во светот“- Томас Поге, професор на Универзитетот Јаил, кој е и водечки светски експерт за сиромаштијата и човековите права. Ќе се претстави со неговото размислување за намалувањето на сиромаштијата и улогата на храната.
• „Пристап до пазари, пристап до можности“ – да се истражат можностите и ограничувањата во пристапот до пазарите за малите производители на Балканот и во ЕУ, како и во земјите кандидати кои се во процесот на усогласување со ЕУ законите.
• „Фармерите на прво место“, Меѓународна научна конференција – да се изгради една широка мрежа на академици и истражувачки институции за биодиверизтетот на храна и одржувањето на растителните генетски ресурси; финансиските или нефинансиските бариери кои ги спречуваат малите производители на храна во пристапот до пазарите.
• „Одржлив рурален туризам, агротуризам и повеќенаменски пристап во земјоделството“ – да се истакнат некои од најдобрите искуства кои се појавија до сега, како и нови начини за туризмот да претставува поттик за локалниот развој; да се истражи придонесот на традиционалната храна кон социјалната, економската и еколошката одржливост во она што денес е дефинирано како повеќенаменско земјоделство.
• За целосната програма нанастанот и програмата за конференции: http://www.essedra.com/media/Terra-Madre-Balkans-programme-02.com_.pdf

Овој настан е организиран во рамките на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од Европската Унија со цел подршка на процесите за европска интеграција на земјите од Балканот и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети со цел да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за рурален развој.

После три изданија во Софија (2010, 2012) и Дубровник (2014), мрежата на Тера Мадре Балкан ја избра Тирана за ова четврто издание. Тера Мадре Балкан е првата мрежа од овој вид кој ги обединува заедниците за храна од неколку земји во ист регион. Слоу Фуд и Тера Мадре формираа длабоко-вкоренета мрежа во регионот со неколку илјади поддржувачи, 24 Слоу Фуд Президиуми, 100 заедници за храна, 50 готвачи, 15 едукативни програми за исхрана и дегустација во училиштата и околу 280 производи од Балканот кои се наоѓаат на Слоу Фуд листата на каталогот на Арка на Вкусови.

За понатамошни информации, барања за интервјуа, контактирајте ги:

Слоу Фуд Интернационал, канцеларија за медиуми
Паола Нано, +39 329 8321285, p.nano@slowfood.it, internationalpress@slowfood.it

Слоу Фуд координатор за Балканот
Микеле Румиц +39 0172 419 746, m.rumiz@slowfood.it

Координатор на настанот и претседател на ВИС Албанија
Пиер Паоло Амброси, +355 68 205 6693
vistirana@albaniaonline.net, a.pierpaolo@gmail.com

Медиумски координатор за Албанија:
Мира Туци, +355 69 4062218
tucimira@gmail.com

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...