Да ја зачуваме планината

Cheese 2015 гласот и делото на протагонистите на височините од целиот свет. Мајстори за  сирење, овчари, производители и земјоделци што живеат и работат секојдневно на планините се соочуваат со многу критична состојба. Во последните шеесетина години големиот индустриски развој и урбанизацијата постепено ги испразнија со жители планините од целиот свет и многу активности поврзани со производството на традиционалните сирења исчезнаа. Препреките со кои планинските општества мораат секојдневно да се соочуваат се многубројни: морфолошки, законски и социјални. Сепак, планините се сеуште со седиште на едно вонредно наследство на екосистеми, вегетативни различности, животински раси, култури и производи. Животните, исхранувани на пасиштата богати со биолошки различности, можноста за преработка на свежото млеко, сезонската преселба на стадата и занаетчиските техники се факторите што го одредуваат квалитетот на сирењата од летните пасишта. Од одамна „Слоу Фуд“ се залага за ваквите производители да опстојат, а „Cheese“ е можноста за нивна презентација. Президиумите кои се воспоставени во планинаските региони ги заштитуваат руралните средини од производството на мед, диви билки и ги зачувуваат сирењата, житата кои се осудени на исчезнување, зачувувајќи и пренесувајќи антички начини на оддржување на пасишта на екстремни височини и до 2000-2500 метри, кои се осудени на поддивување,запуштање. Помеѓу Президиумите од планините присутни на „Cheese“, ќе ги сретнеме: Oд Италија: Heritage BittoTuma MacagnUpper Elvo Raw Milk ButterSole, Rabbi and Pejo Valleys CasolétMoena Puzzone, High Mountain Honeys.; Од Бугарија: the Karakachan Sheep, Tcherni Vit Green Cheese; Од Романија: Branza de Burduf, произведено на падините на планината Бучеги,една од највисоките на Карпите; Од Франција: Rove Brousse Goat Cheese; Од Швајцарија: VacherinEmmentaler,Sbrinz; Од Полска: Oscypek од планините Тара каде живее специфично население што се занимава со овчарство; Од Македонија: сирењата од пасиштата на Мавровска река  меѓу кои и Кашкавал од шарпланинска овца и Биено сирење. Од Турција: Turkmen sacake il Kars gravieri, веќе на работ на исчезнувањето поради се поголемата застапеност на механизација во производството на сирења, намалувањето на чистокрвни говетски раси и строгите закони од ЕУ. Во текот на четиридневната манифестација овие и други произведители ќе ги раскажат сопствените начини и споредат предизвиците што ги очекуваат. На конференцијата Раскази од планината: производи и проекти за повторно оживување на „другите земји, ќе се зборува за како да се заштитат производителите, овчарите, земјоделците што избираат да останат на планините преставувајќи ја нивната работа на новите генерации и инвестирајќи во иднината на овие теритирии. Неодамнешниот тренд на новите генерации со репопулација на планините е сè уште слаб, но сепак значаен. Еден значаен пример ќе престави Bitto од Ломбардија, Италија од каде најмладата производителка има помалку од 18 години, а нејзините колеги имаат 20, 30, 35 години, една цела генерација го зазема местото на родителите. Ќе ги раскажат нивните искуства производителите, кои одлучиле сами да ги произведуваат ферментите спротиставувајки се на хемијата. Раскажувања за отпор против строгите супер хигиенски закони, како во Бугарија, каде производителите на Зеленото сирење од Tcherni Vit се борат за зачувување на античкиот начин на производство загрозен од законските норми. Во лабораторијата: сирења од преку границите од источниот Алпски венец ќе бидат споредени врвни производи што ги оживуваат алпските предели. Дегустација на производи од северозападна Италија, Австрија и Словенија. Овие производи покажуваат дека синџирот на исхраната, преставен со еден стратешки план, може да биде отскок на даден предел и да придонесе во вреднувањето на локалната економија на тој регион. А зошто и покрај огромниот потенцијал на планините тој план го нема? Одвоеноста на овој проблем од политиката придонесува за се помало вреднување на овие предели правејќи ги се помалку отпорни. Cheese 2015 ја дава можноста за еден отворен разговор на оваа тема. Каков вид на договор ќе помогне за иднината на пасиштата? какви би билe Алпите без нив. Ќе бидат преставени неколку законски прашања во однос на правата на земјата и невозможноста да се учествува на аукции за пасиштата. Градоначалници, производители и политичари ќе разговараат за изнајдување на решение за можен договор помеѓу институциите и територијата за да се надминат пречките и да се размислува за земјата како извор на можности, а не на проблеми. Плоштадот на биоразличноста ќе претстави сирења, мед, зеленчук, мешунки, овошје, билки и други продукти произведени или соберени  од висините на целио свет од Анда до Кавказ, поминувајќи ги Пиринејските, Алпските и Апенинските планини. Готвачи од мрежата на „Слоу Фуд“ ќе понудат секојдневна можност за вкусување на некои од кулинарските специјалитети подготвени на традиционален начин. Благодарение за можноста на оваа манифестација на компаниите кои веруваат во можноста за квалитетна преработка на млекото и млечни производи: Consorzio Parmigiano Reggiano, Lurisia, Pastificio Di Martino, Radeberger Gruppe Italia. „Cheese“ е интернационална манифестација  која се одржува на секои две години под организација на „Слоу Фуд“ и градот Бра. Посветена е на млечните производи, а овогодишното десетто издание е раширено во меѓународни рамки. За подетални информации во канцеларијата за печат на Slow Food интернационал: Paola Nano, +39 329 8321285 p.nano@slowfood.it градот Bra: Raffaele Grillo – Elena Martini +39 0172 438278, urp@comune.bra.cn.it
 www.slowfood.it – www.comune.bra.cn.it „Слоу Фуд“ вклучува милиони луѓе кои ја следат филозофијата за добра, чиста и правична храна, мрежа составена од готвачи, производители, млади луѓе, риболовци и академци од повеќе од 150 земји. Помеѓу нив 100,000 партнери здружени во повеќе од 1,500 локални групи кои преку финансиско учество ги овозможуваат овие манифестации.