До:
Средства за јавно информирање
Предмет: Покана за следење на конференција „Нашите семиња, наша иднина“ во организација на „Слоу Фуд Млади“ Македонија, 04.12 2014 од 15.30 часот, ГЕМ клуб (Менада), Скопје
Почитувани,
Ни претставува особена чест да Ве поканиме да ja проследите првата конференција „ Нашите семиња, наша иднина“, посветена на промовирање и заштита на автохтоните семиња во Република Македонија. Оваа конференција претставува прв настан од неколкуте планирани на оваа тема на која заеднички ќе дебатираат производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите за актуелните прашања и можностите за примена на домашните семиња од страна на малите фармери, како и за политиките кои го засегаат овој сектор.
Целта на настанот е да се отпочне дискусија меѓу сите учесници со која би ја доближиле реалната слика за ова прашање и би се понудиле конкретни предлози за решавање на проблемите со кои се се соочуваат сите засегнати во синџирот на дистрибуција на храната, од производителите до консументите.
Република Македонија е вистинска ризница на автохтон генетски растителен фонд. Нашите семиња се наше гастрономско богатство, нераскинлив дел од нашиот идентитет. Губејќи ги нив, губиме дел од нашите белези како народ кој живее на овој простор.
Денес нашите фармери се соочуваат со големи предизвици, во услови на зголемени трошоци за производство, брза заработка, климатски промени, понуда на семенски материјал од големите мултинационални корпорации и регулативи во нивна полза. Примената на индустриски произведените хибриди и ГМО семиња се едно од решенијата, кои можат да имаат негативни последици за сите нас, од производители до консументи.
Сметаме дека новата ЕУ регулатива за забрана на автохтоните сорти е еден вид економски колонијализам и е во интерес само на неколку големи компании. Таквата одлука ќе направи да се унифицира храната во целиот свет, што е глобализација во ширењето на храната, иако изборот секогаш треба да биде индивидуален.
Македонија како држава не треба да ја имплементира ваквата регулатива во процесот на наше интегрирање кон ЕУ, ние како сериозна држава треба да произведуваме сопствена храна за сопствениот народ.
Зачувувањето на автохтоните семиња и нивното засејување на македонските полиња нека бидат наш одговор, отпор кон индистриски произведените хибриди и ГМО семиња, кои се реална опасност за губење на нашата автентична храна, губење на нашата слобода и право на добра, чиста и правична храна.
Настанот се реализира во рамки на кампањата на „Слоу Фуд Млади“ Македонија „Не за ГМО!“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.
Конференцијата ќе се одржи на 04.12 .2014 година со почеток од 15:30 часот во „ГЕМ“ клубот (Менада), Скопје.
За дополнителни информации и лица за контакт:
Организатор на настанот:
Ивана Поповска
Програмски асистент
Слоу Фуд Mлади Македонија
Бул. Александар Македонски бб
078/732-302
ivana.p@slowfood.mk
www.slowfood.mk/youth
Комуникација со медиумите:
Анита Главевска
Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
П.факс 27, 7000 Битола
075/708-807
glavevska.anita@gmail.com
www.slowfood.mk