Реакција на еколошките здруженија по повод нападот врз активистите кои се борат против рудниците во земјата

Соопштенија за јавностРеакција на еколошките здруженија по повод нападот врз активистите кои се борат...

Сподели

Еколошките здруженија активни во секторот животна средина и клима во земјава потпишани подолу им даваат целосна подршка на граѓанските активисти и жителите на локациите каде се планирани да се градат рудници за бакар и злато. Деновиве тие се безобразно нападнати поради својата борба да си ги зачуваат домовите и да ја зачуваат нашата храна. Ова не е прв пат да се врши заплашување и напад врз еколошки активисти во земјава и бараме властите да превземат мерки за да ги заштитат своите граѓани.

Поднесувањето на „опoмена пред тужба“ за искажан еколошки став од еколошки активист поврзан со носење на одлука која ја засега животната средина во која активистот бил вклучен на приватен фејбук профили, без објаснување како инвеститорот обезбедил пристап до самите профили, претставува вознемирување и заплашување на активисти!

Ваквиот третман врз претставниците на еколошкото граѓанско општество е спротивен на одредбите на еколошката демократија и спротивен на Архуската Конвенција.

Сметаме дека изградба на рудник или било каков индустриски објект во срцето на најплодната првокласна почва во земјата во време кога цел свет се соочува со екстремни временски услови и недостаток на храна едноставно е непромислено и не смее да се дозволи.

Сите рудници со сигурност имаат влијание врз животната средина и луѓето кои таму живеат, меѓутоа големината на најавените проекти подразбира и огромно и трајно влијание и загадување на почвите, водите и воздухот на локацијата каде ќе се гради.

Во последните три години мал број жители од регионите каде се планирани рудниците се борат да ја спасат најплодната почва во нашата земја за сите нас. Тие самите се борат и да си ги заштитат нивните домови и безбедноста на своите семејства- нешто кое им е загарантирано со Уставот на сите граѓани на оваа република.

Согласно член 3 став 8 од Архуската Конвенција, Владата и Народниот правобранител имаат обврска да ги заштитат активистите кои ги практикуваат нивните еколошко-демократски права од ваквиот третман. Ја повикуваме Владата и Народниот правобранител конечно да почнат со почитување на меѓународните конвенции кои ги ратификувале со закон и, во најбрз можен рок, да ги заштитат еколошко – демократските правата на граѓаните.

Бараме од нашите власти да ги запрат постапките за издавање одобренија за отпочнување соексплоатацијаи изградба на инфраструктура на локациите каде е издадена концесија за експлорација и експлоатација и да се направи кумулативна оценка за влијанието врз животната средина на сите издадени концесии за рудници со цел да добиеме реална слика за влијанието кое овие рудници ќе го имаат врз нашата земја.

Сметаме дека во време кога земјата допрва треба да го отвара Поглавјето 27 за животна средина и клима ќе биде погубно во преговорите за влез во ЕУ доколку стигнат лавина реакции за загадување на животната средина со отварање на рудници. Дополнително погубно е земјата да дозволува заплашување на своите граѓани кога најголемите забелешки на ЕУ кон земјата се во недостатокот на владеење на правото и кршење на човековите права.

Со почит,

Центар за исражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје
Еко Гаиа, Битола
Милиеуконтакт, Скопје
Еко Герила, Македонија
Еко Правда, Валандово
ЦНВП, Скопје
О2 Иницијатива, Скопје
Македонски Зелен Центар, Скопје
Целор, Радовиш
ЕД Роса
Еко-живот, Кавадарци
ЕД Еко-Рурал Пелистер с. Дихово Битола
Импакт нет
ПОЛИМАТ 13, Богданци
Young Friends of the Earth Macedonia
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН
Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ
ФРОНТ 21/42
Слоу Фуд Македонија
Новинари за човекови права
Eko Логик
Балкан вош нетворк

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...