Се основа конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“

Соопштенија за јавностСе основа конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“

Сподели

Во средата во Охрид се одржа основачкото собрание на конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“ како резултат на повеќегодишните заложби на десеттина сопственици на мали бизниси и производители на органска и автентична храна од охридскиот регион. Помеѓу членовите се истакнати професори, активисти, производители и угостители и нивна заедничка цел е промовирање на локалните традиции, културните вредности и животната средина.

„Слоу Фуд Охрид“ е единаесетиот конвивиум во мрежата на „Слоу Фуд Македонија“ и е дел од светската мрежа на Слоу Фуд, чие делување е распространето во 160 земји во светот и насочено кон спречување на се поголемата глобална хомогенизација на вкусовите, со особен нагласок на одбрана на традиционалната храна и локалниот биодиверзитет пред напливот на унифицирани производи и едноличноста во понудата.

Првичните актовности на „Слоу Фуд Охрид“ ќе бидат во мапирање на локалните и автентични производи и нивните  производители во Охридскиот регион и нивно вклучување во светскиот каталог „Арка на вкусови“ кој го управува Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет.

„Сите истражувања покажуваат дека Охрид како туристички град нема соодветна понуда на традицонална храна, со локални продукти и производи што би биле бренд, а ги поседува само не се доволно експонирани. Втора цел е промоција и поддршка на локални производители, преку регистар со опис на дејноста. Преку промоција на нивните активности и вмрежување тие ќе можат помоќно да настапат на пазарот – преку нивна поврзаност со локалните угостители и пласман за нивни производи, појасни Ангела Паскуале, професор д-р по гастрономија и лидер на „Слоу Фуд Охрид“

Понатамошните планови се некој од тие прпоизводи да се здобие со заштитен статус на президиум и понатамошна нивна промоција и на интернатионално ниво преку  мрежата на „Тера Мадре“.  Конвивиумот меѓу првите активности планира да воспостави „Пазар на фармери“ чие одржување се планира во текот на туристичката сезона, со цел да се претстави како организација пред пошироката јавност и да ги презентира локалните производители и занаетчии.

Истотака во делот на едукацијата веќе има иницијативи од членовите и неколку охридски училишта за воведување на училишните програми на Слоу Фуд, пред се на „Училишни градини“ како и соработка со средното угосттелско училиште и Факултетот за угостителство и туризам од Охрид во едукацијата на младите кадри во промоцијата на локалната гастрономија.

Да им посакаме успех на „Слоу Фуд Охрид“ во нивното делување и да ги реализираат сите зацртани планови.

Превземете ги фотографиите за илустрација на вашата статија

Фотографија 1 / фотографија 2 / фотографија 3 / фотографија 4 /

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...