Ви го најавуваме овогодинешното издание на Slow Fish 2021, биеналниот настан на Слоу Фуд, кој започнува на 3 јуни и ќе трае цел месец како онлајн издание, а традиционалниот настан ќе се одржи 1-4 јули во Џенова, Италија.
Во учебниците по географија и наука ширум светот, учиме за водниот циклус (кружење на водата во природата), сеприсутен феномен на планетата Земја, кој поврзува сè.
Водниот циклус – познат и како хидролошки циклус – го опишува постоењето и движењето на водата околу, над и под Земјата. Тоа покажува како водата постојано се движи и континуирано се менува состојбата, од течна во пареа до мраз, на секој можен начин.
Сè е меѓусебно поврзано. Сè што се случува на копно, на полиња… има влијание на морињата, езерата, реките и обратно. Од најмалиот планктон до човекот, сите ние имаме своја улога. Почитувањето на природната рамнотежа е од суштинско значење за здрава иднина.
Водениот циклус ни раскажува приказна која не навраќа милијарди години наназад и од која зависи целиот живот на Земјата.
Наративот на Slow Fish 2021 ги зема овие размислувања како своја премиса. Но, циклусот станува циклуси, вклучувајќи ги сите елементи што имаат влијание врз нашата вода и сите различни меѓусебни врски помеѓу нив.
Slow Fish 2021: Циклуси на вода. Богат календар на активности, онлајн програмата започнува од 3 јуни до крај на месецот проследен со физички настани од 1-4 јули во Џенова, Италија. За повеќе информации за настанот и програмата следете на: slowfish.slowfood.it/en #SlowFish2021