Чомлек „Преспав“ од гостилницата „Лејк Вју“

Во гостилницата „Лејк Вју“, популарниот пансион „Преспав“, најбараното и најпопуларното јадење е чомлек. Овој македонски традиционален специјалитет, карактеристичен за Преспанско Охридскиот регион, во Лејк Вју го нарекоа чомлек „Преспав“ а таму го подготвуваат на следниот начин:

Потребни состојки:

  • 1 кг. телешко месо,
  • 1,5 кг.  поситни главици кромид,
  • 5 чешниња лук,
  • неколку суви црвени пиперки,
  • 2 дл црвено вино,
  • доматно пире (100 грама),
  • еден морков,
  • помас (маслиново масло за готвење) или свинска маст
  • сол, црн пипер.

Начин на подготовка:

  1. Месото кратко се пропржува на малку маснотија, се додава вода и на тивок оган се динста околу 2 часа.
  2. Главиците кромид се чистат и се додаваат во тенџерето со месо.
  3. Потоа се ставаат сите останати состојки, сувите црвени пиперки, зачините и виното, се динста уште околу еден час и откако вкусовите ќе се спојат, чомлек е подготвен за гостите.

Добар апетит!