Тестенини ал’аматричана


Овој рецепт ви го презентираме во прилог на кампањата на Слоу Фуд за донирање на средства од страна на рестораните ширум светот, кои на своите мениа ќе го воведат овој специјалитет со потекло од 1700та година од градот Аматриче, кој во август беше погоден од катастрофален земјотрес. Од секоја нарачана порција на тестенини ал`аматричана би се одвојувале по 2 евра за донација за обнова на градот. На овој начин Слоу Фуд ги вклучува во акцијата и рестораните и нивните гости.

Потребни состојки (за 4 порции):
• 120 грама ситно исецнано гванцијале (сушено месо од свински образ) или панцета
• 1/2 лажиче мелена црвена пиперка
• 1/2 лажиче мелен црн пипер
• 3/4 чаша сечкан кромид
• 2 чешниња ситно сецкан лук
• 1 килограм свежи домати
• 400 грама (суви) тестенини
• 40 грама ситно рендано пекорино (тврдо овчо сирење)
• 2 лажици ладно цедено маслиново масло
• сол

Подготовка:
Загрејте го маслото во тава на средна температура. Додајте ги исечканото гванцијале и пропржете го до златна боја, за околу 4 минути. Додадете ги кромидот, лукот, црвената пиперка и биберот. Пропржете ги додека не омекнат и кромидот не стане „стаклест’, за околу 8 минути.
Подгответе ги доматите: во сад прелијте ги со врела вода и нека отстојат неколку минути. Потоа излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња. Додатете ги во тавата во која претходно се подготвуваа другите состојки. Намалете ја температурата на шпоретот, гответе бавно со повремено мешање, додека не се згусти сосот, 15-20 минути.
Во меѓувреме, подгответе ги тестенините. Во тенџере загрејте вода до вриење, додадете лажичка сол, промешајте и додадете ги тестенините. Варете ги со повремено мешање до 2 минути пред „ал денте„. Исцедете ги, но зачувајте 1 чаша од водата во која се вареле.
Додајте ги исцедените тестенини и ½ чаша од водата во тавата со сосот. Варете ги во сосот околу 2 минути (до „ал денте“). Доколку сосот е премногу густ, додадете ја преостанатата половина од водата.
При сервирањето се наросува ренданото пекорино

Совет:
Готвењето на тестенини „ал денте“ е италијански кулинарски термин кој се однесува на помалку варени тестенини, на идеалната густина на тестенини која вклучува кратко време на готвење.
Етимологијата на терминот означува „на заб” , односно варените тестенини при проба со џвакање треба да бидат цврсти и еластични, не се деформираат и распаѓаат на парчиња.
Овој начин на подготовка на тестенини се користи во рецепти, каде тестенините се готват двапати т.е. еднаш во солена вода, а потоа во сосот со кој се послужуваат.
Тестенините „ал денте“ имаат понизок гликемиски индекс од тестенините кои се целосно варени и меки.